Утрински Весник
Македонија

Температури утрово над нула, најмногу дожд во Лазарополе и Охрид

Whatsapp image 2026 10 08 at 10.14.59.jpeg

Температурите утрово насекаде во земјата се над нулата. УХМР информира дека 3 степени се измерени во Берово, 4 на Попова Шапка, 5 степени во Крива Паланка, 6 во Скопје-Петровец, 7 во Скопје – мерна станица Зајчев Рид, Куманово и Струмица, 8 степени во Лазарополе, Крушево, Претор, Битола, Велес, Штип и Гевгелија, 9 во Охрид, Виница и Демир Капија, 10 во Кавадарци, 11 во Прилеп и 12 степени во Тетово.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во  Лазарополе – 8 литри на квадратен метар, 7 во Охрид, 2 во Крива Паланка и по еден литар на квадрат количество врнежи се измерени на Попова Шапка, во Претор и Пожаране.


Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни (над 15 литри на квадратен метар). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

Во Скопје исто така променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени. 

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија