
Бугарија ги спаси сите 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во нејзината економска зона во Црното Море, додека превезувал три тони пченица од Романија кон Египет, соопшти денеска бугарското Министерство за транспорт.
Министерството наведе дека рано утрово примило повик за помош од брод што пловел под знамето на Сомалија и тонел на околу 40 наутички милји од ‘ртот Калиакра, пренесува Ројтерс.
Екипажот бил евакуиран со хеликоптер, а сите 12 членови се во добра состојба.
Причината за инцидентот засега не е позната.


