
Српската полиција уапси 19-годишен македонски државјанин поради сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Али Бег, поранешен водач на навивачка група на „Партизан“. На осомничениот А.А. му е одредено задржување до 48 часа по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Пукањето се случило на 8 јули 2025 година на улицата „Народних хероја“ во Нов Белград. Според сомнежите на обвинителството, А.А. испукал повеќе куршуми од пиштол кон Алајбеговиќ, кој во тој момент седел зад воланот на својот автомобил. Алајбеговиќ го преживеал нападот.
Покрај за обид за убиство, 19-годишникот е осомничен и за кривично дело поврзано со недозволено држење и носење оружје. Апсењето следува повеќе од една година по пукањето.


