Утрински Весник
Економија

Лазовски: Исплатите за штедачите во „Алта банка“ може да паднат на товар на буџетот

Img 7785.jpeg

Евентуалното обесштетување на штедачите во „Алта банка“ може да падне на товар на државниот буџет, предупреди економскиот аналитичар Славко Лазовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Според него, најавите на Владата дека ќе ги заштити депонентите го отвораат прашањето од каде ќе се обезбедат парите за исплатите.

„Јас верувам дека Владата ќе остане доследна на тоа дека ќе ги заштити депонентите, штедачите во битолската банка, на тој начин што товарот на исплатите ќе падне на товар на буџетот на Република Македонија“, изјави Лазовски.


Тој ја остави отворена и можноста дел од штедачите да добијат износи поголеми од средствата што ги депонирале, доколку властите одлучат да преземат дополнителни мерки за обесштетување. Ако исплатите се финансираат од буџетот, посочи Лазовски, трошокот би го сноселе и граѓаните што немале средства во банката.

„Во тоа е проблемот. Дали товарот ќе го поднесат штедачите, депонентите, физичките и правните лица, или тоа ќе падне на грбот на сите граѓани на Република Македонија“, истакна тој.

Лазовски оцени дека јавните заложби за заштита на штедачите би можеле да бидат мотивирани и од обидот да се намалат политичките последици од случајот. Според него, при одлучувањето за евентуално обесштетување, властите треба да проценат колку би чинеле исплатите и каков ефект би имале врз јавните финансии.

Можете да прочитате

Лазовски за „Алта банка“: Македонскиот суд наскоро би можел да отвори стечајна постапка

Мисијата на ММФ во посета на Народната банка

Што ќе биде со „Алта банка“, ќе работиме ли подолго за пензија и ќе се оданочуваат ли празните станови? Вечерва во „Ноќно студио“ со Славко Лазовски