Утрински Весник
Македонија

Влегол во стан и се обидел да украде куфери со пушки и муниција – полицијата го фатила крадецот

D216967e 67d3 4bf1 89cf 3810448fe329.jpeg

Триесет и деветгодишен жител на гостиварското село Долна Бањица се соочува со кривична пријава откако се обидел да украде ловечки пушки и муниција од стан во Гостивар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против Г.К. (39) од Долна Бањица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.


Според полициските информации, на 5 ноември 2026 година, пријавениот влегол во станот на В.Р., каде што се обидел да одземе два куфери во кои имало ловечки пушки и муниција. Оружјето било во легална сопственост на В.Р., кој поседувал соодветна дозвола.

Во меѓувреме, сопственикот се вратил и забележал дека оружјето му недостига, по што веднаш го пријавил случајот во полиција.

По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот, го пронашле осомничениот и го одзеле оружјето што било кај него.

По преземените мерки и активности, против 39-годишниот маж е поднесена кривична пријава за двете дела.

Можете да прочитате

Бремена жена со хематоми по телото пријавила насилство од партнерот во кратовско – наводно ја принудувал и на полови дејствија

Ниту Савески ниту Хаџи-Василева не откриваат дали има предмет за „Алта банка“

Таткото ја нападнал, мајката психички ја вознемирувала – малолетничка од Скопје побарала помош од полицијата