Утрински Весник
Свет

Земјотрес со магнитуда од 5,7 ја погоди Јапонија, повредени повеќе од 20 лица

Zemjotres.png

Повеќе од 20 лица се повредени во земјотрес што рано утрово ја погоди централна Јапонија. Потресот предизвика кршење излози, паѓање предмети од полици и нарушувања во железничкиот сообраќај. Нема пријавени загинати и не е издадено предупредување за цунами.

Според Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил со магнитуда од 5,7 и се случил во 1:04 часот по локално време во префектурата Шизуока. Првичните извештаи наведуваа најмалку 22 повредени, додека дел од јапонските медиуми подоцна објавија бројка од најмалку 24.


Жариштето било на длабочина од околу 40 километри, а најсилно тресење било забележано во соседната префектура Аичи. Потресот бил почувствуван и во Хамамацу, Кјото, Нара, Гифу и Јаманаши.

Дел од луѓето се повредиле при обид да ги напуштат објектите, вклучително и при падови по скали. Брзите возови „Шинкансен“ во погодените подрачја се движеле со намалена брзина како мерка на претпазливост.

По главниот удар биле регистрирани и послаби потреси. Метеоролошката агенција ги повика жителите да бидат подготвени за можни силни последователни земјотреси во текот на следната недела, особено во наредните два до три дена.

Надлежните предупредија и на опасност од одрони и свлечишта, особено доколку во погодените подрачја има врнежи.

Можете да прочитате

TikTok обвинет за помагање во промоција на порнографија меѓу девојчињата

Полска во дводневна жалост по нападот во Краков, Туск го нарече терористички чин

Трамп се закани со вето: „Мислам дека тоа би ја уништило Демократската партија“