Утрински Весник
Економија

Народна банка: Нема трансфери на поголеми износи кон Србија и Русија преку „Алта банка“

Narodna Banka.jpg

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка” АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции  во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани.

Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на платниот промет и редовното работење на „Алта банка” АД Битола. Во 2025 година и заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 2,2 милиона евра и 6,2 милиона евра, соодветно, додека одливите изнесуваат 5,3 милиони евра и 7,2 милиона евра. Овие трансакции се поврзани со редовното работење на клиентите на банката.


Во истиот период, приливите од и одливите кон Русија не се евидентирани во платниот промет и билансот на Банката.

Можете да прочитате

Фер туризам започнува со пријавен доход“ – УЈП со едукативна средба во Кочани

Македонија може да придонесе кон европската сигурност со критични суровини, но потребно е усогласување со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче продолжуваат со старата матрица, политика на страв и паника, банкарскиот сектор е стабилен