Утрински Весник
Македонија

Тешко повредени три лица во сообраќајка во Скопје

Policzija 1.jpg

На 03.11.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски” и ул. „1519″ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес” А.Д.(18) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.


Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Момчето ја убил 17годишната девојка а потоа сам си пресудил – детали за трагедијата кај Богданци