Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никако да излезе од матрицата за креирање страв и паника

Vmro dpmne sediste5.jpg

Реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Венко Филипче

СДС и Венко Филипче никако да ја напуштат матрицата да ја користат која било тема и состојба во државата со кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните.


Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не.

Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат.

Ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту незадоволство има, ниту немир или паника.

Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции.

Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите.

Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите.

Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите.

Можете да прочитате

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Момчето ја убил 17годишната девојка а потоа сам си пресудил – детали за трагедијата кај Богданци

Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство