Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка

Dozd.jpg

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Кавадарци, каде наврнале 15 литри на метар квадратен. Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри на метар квадратен.

По 9 литри на метар квадратен се регистрирани во Штип, Попова Шапка и Велес, 8 во Битола, 6 во Претор, а по 5 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп. Во Гевгелија, Тетово и Крушево наврнале по 4 литри, во Лазарополе 3, а во Охрид 2 литри на метар квадратен.


Најниска утринска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерен еден степен, во Лазарополе и Крушево два, а во Берово и Охрид пет степени.

Температура од 6 степени е регистрирана во Прилеп, Крива Паланка, Тетово, Претор и Виница, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, 8 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Демир Капија и Велес, додека најтопло утрово било во Гевгелија со 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 12 степени.

Можете да прочитате

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице