Утрински Весник
Економија

Се развиваат патните правци на Коридорот 8, модернизација и на граничните премини

Avtopati.jpeg

Изградбата и модернизацијата на патната инфраструктура на Коридорот 8 продолжуваат со активности на повеќе делници, додека паралелно се работи и на зголемување на капацитетот на граничните премини Ќафасан и Деве Баир. Целта е подобра транспортна поврзаност и поголем проток на патници и стока.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека на Коридорот 8 се работи и на автопатската и на железничката инфраструктура, при што патниот сегмент е во понапредна фаза, но остануваат активности за негово целосно развивање.


Во тек е изградба на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани, Прилеп–Битола и Требеништа–Струга–Ќафасан, а се работи и на секциите Букојчани–Кичево и Букојчани–Гостивар. На источната страна, со поддршка на Европската Унија се реализираа активности на делницата Страцин–Крива Паланка и обиколницата на Крива Паланка, а следува соработка за потегот Страцин–Куманово, односно до Романовце.

Дополнително, заедно со Светската банка и Европската Унија се работи на модернизација и проширување на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, со цел да се овозможи поголем проток.

Овие активности се дел од стратешкиот пристап на Владата за развој на Коридорот 8 и искористување на неговото значење за регионалното поврзување. Со подобрувањето на патната инфраструктура и граничните капацитети се создаваат услови за поефикасен транспортен сообраќај.

Можете да прочитате

ЛДП: Можна страшна економска хаварија – АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Филипче: Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски

Народна банка: „АЛТА банка” продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста