Утрински Весник
Балкан

Црна Гора и го одзеде одобрението за платежни услуги на „Алта пеј груп“

Img 6984.jpeg

Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.

Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.


Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.

Банката соопшти дека навреме презела мерки за уредно исполнување на обврските на компанијата и заштита на интересите на корисниците.

Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата. 

Можете да прочитате

Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Вучевиќ: Собрание на СНС на 13 декември го предлагам Александар Вучиќ за нов претседател на партијата