Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата” – а за Груевски?

Sdsm1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата” – а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски?


Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија?

Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?

Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.

Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.

За Ива Михаилова – непристојно, а за Груевски – тишина. За Тошковски – хиперхлорирање. За петте тони – нема одговор.

СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште.

Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.

Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.

Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски.

Можете да прочитате

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват

„Стив Наумов“ се распаѓа, бараме достојни услови за студентите, порачуваат од СДММ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС