
Македонија од петок, 30 октомври, па сè до крајот на викендот ќе биде под влијание на циклонска активност и влажни воздушни бранови од Медитеранот, кои ќе донесат претежно облачно време, повремени врнежи од дожд и пад на температурите.
Според метеоролошката прогноза, во петок, сабота и недела (30 и 31 октомври и 1 ноември) врнежите повремено ќе бидат пообилни, а локално се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар.
Во поголемиот дел од земјата ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Слични временски услови се очекуваат и во Скопје и околината, каде што времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои во одредени периоди ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела, 1 ноември, се очекува дополнително заладување, а на планините со надморска височина над 1.500 метри дождот ќе преминува во снег.
Утринските температури низ Македонија ќе се движат од 2 до 9 степени, додека во Скопје се очекува температурата наутро да се спушти до околу 9 степени.
Максималните дневни температури во петок и сабота ќе се движат од 12 до 19 степени, но во недела ќе следува позначително заладување, кога дневните температури ќе достигнуваат само од 8 до 14 степени.
Во Скопје максималната температура ќе достигнува околу 16 степени, додека во недела се очекува да се спушти на околу 13 степени.
Со оваа циклонска активност се најавува дождлив и посвеж завршеток на октомври и почеток на ноември, со можност за пообилни врнежи во одделни делови од државата.



