Утрински Весник
Економија

Николоски: Преку 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

Koridor.png

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.  

” Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад и Коридорот 10 север-југ. Ние сме единствена држава во Југоисточна Европа каде што двата паневрoпски коридори се сечат и се обидуваме да ја искористиме таа уникатна географска позиција која што ја имаме и затоа правиме огромни инвестиции што се движат помеѓу 5 и 6 милијарди евра, што кога ќе го споредите со бруто-домашниот производ, се огромни инвестиции, нешто што не го прави ни една друга држава во регионот во тој обем. Затоа сме најнапред и сме пофалени и од Европската Комисија и од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој, како и останатите партнери за ова што го правиме во инфраструктурата”, –  изјави Николоски. 


Можете да прочитате

Пониска инфлација од европскиот просек, Владата со мерки за ублажување на ценовниот удар

Бензините поевтинуваат за пет денари, цената на дизелот останува иста

Интересот на компаниите за дигитализација се зголемува, поддршка нуди Владата и Европската комисија