
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра.
Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат.
Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет.
Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула.
Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат.
До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар.
Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство.
За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони.
Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте.
Сметката ја плаќа граѓанинот.
А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова.
Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица.
Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната.
Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија”, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат.
Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53.
Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит.
Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот.
Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант.
Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот.
Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата.



