Утрински Весник
Македонија

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Kameri.jpg

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

– По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР.


Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Можете да прочитате

Николоски – Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

Ферати: Односите Албанија – Северна Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката

Шасивари – Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка