Утрински Весник
Економија

Не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците, вели Дурмиши 

Image 2026 10 09 153428934.png

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците. Коментирајќи ја иницијативата на Стопанската комора за кратење на празниците, министерот рече дека сепак ова барање, ако стигне до нив, ќе биде ставено на разгледување на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС) закажана за 19 октомври. 

– Работниците имаат стекнати права, кои им припаѓаат ним. Празниците се за граѓаните што припаѓаат на која било религија и ние нема да интервенираме во тој дел – изјави денеска Дурмиши на прес-конференција, на која ја претстави потрошувачката кошничка за август, изготвена од Министерството.


Вели дека досега не е стигнат никаков предлог до нив од Стопанската комора, но ако има такво барање, ќе биде ставено на разгледување на ЕСС.

– Ние треба да работиме во делот да ја зголемуваме продуктивноста внатре во институцијата, а не да ги демотивираме рабoтниците со овие чекори – рече Дурмиши оставајќи простор за ова да се дискутира на ЕСС.

Можете да прочитате

Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Две потрошувачки кошници: За Владата доволни се 58.000 денари, за ССМ потребни се речиси 69.000 денари