Утрински Весник
Македонија

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

20261005133049 big 730x400 58.webp.webp

Еднаш запален столб  за пренос на електрична енергија и откако бил изгаснат повторно бил запален кај селото Секирник е причината селата Иловица и Штука да останат без струја, а Босилово и други населени места без вода за пиење од филтер станицата во Иловица, информираше градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

-Пожарот завчера беше локализиран. Вчера повторно се појави пожар на истото место со што комплетно беа зафатени други електрични столбови и вегетација. Од тие причини, населените места Иловица и Штука синоќа и денеска се без електрична енергија, бидејќи мрежата од страна на ЕВН не е оспособена поради комплетно оштетување на неколку електрични столбови- изјави Манчев.


Додаде дека од вчера од 12.00 часот не работи Филтер станицата за вода во Иловица поради овој проблем.

-Залихите на вода се потрошени и вчера од 18.00 часот нема вода во системот Иловица. Се очекува денеска до 13:30 часот  да се постават нови столбови од страна на ЕВН, па дополнително да се произведе вода и да се наполни системот, што значи дека вода во водоснабдителниот систем Иловица најверојатно ќе има дури вечер, објаснува Манчев.

Напомена дека за кратко време се појавуваат неколку пожари во тој дел на Секирник и дека случајот се истражува од надлежните органи за да се утврдат причините за пожарот.

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија