Утрински Весник
Скопје

Чаир го формира Младинското собрание, се одржа првата седница

A5703d54 6301 45f5 89fe 5ddae4c89942 scaled.jpeg

Во Општина Чаир денеска се одржа првата седница на Младинското собрание, со што се заокружи процесот на формирање на ова тело и се направи значаен чекор кон зајакнување на претставувањето на младите на локално ниво.

За време на седницата, младите учесници дискутираа за улогата, начинот на функционирање и одговорностите на Младинското собрание, како и за следните чекори во рамки на младинското организирање и учеството на младите во локалните процеси.


Младинското собрание ќе служи како механизам преку кој младите ќе можат да ги изнесуваат своите потреби, идеи и иницијативи, како и активно да се вклучуваат во прашањата поврзани со младинските политики и локалниот развој.

По формирањето на Младинското собрание, следниот чекор е формирање на Локалниот младински совет на Општина Чаир, кој ќе ги претставува интересите и потребите на младите и ќе придонесе за зајакнување на нивната улога во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Можете да прочитате

ДОМ: ДУП „Барутана” не смее да биде урбанистички подарок за инвеститорите

Град Скопје: Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

(Фото) Еколошка акција во Скопје: Се чисти кејот на реката Вардар