Утрински Весник
Скопје

Левица Град Скопје: Да се укине групното поставување советнички прашања – трет пат нема да дозволиме нормална седница

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение на Левица:

Утре Советот на Град Скопје повторно ќе одржи седница посветена на советнички прашања. Пред нејзиното одржување, Советничката група на Левица уште еднаш јавно бара да престане практиката на групно поставување и групно одговарање на советничките прашања, против која реагираме веќе две последователни седници.


Советничките прашања постојат за советникот непосредно да побара отчет, да го слушне одговорот и, доколку одговорот е нецелосен, непрецизен или ја избегнува суштината, да може веднаш да реагира. Со моделот во кој најпрво се собираат сите прашања, а потоа се даваат групирани одговори, таа суштина фактички се губи. На претходните седници веќе укажавме дека ваквиот начин ја претвора една од ретките форми на непосредна контрола врз работата на градоначалникот, градската администрација и јавните претпријатија во еднонасочно излагање без вистинска расправа.

За ова предупредивме процедурално, реагиравме јавно и на претходните седници, а последната седница за советнички прашања ја напуштивме. Затоа, утрешната седница не може повторно да помине како ништо да не се случило.

Очекуваме претседателот на Советот и мнозинството на ДПМНЕ уште пред почетокот на седницата да ја преиспитаат ваквата практика и да го вратат начинот на работа што овозможува нормално поставување на советничко прашање, непосреден одговор и можност советникот да реагира на добиениот одговор.

Доколку и утре се инсистира на истиот модел на групно поставување и групно одговарање, Советничката група на Левица најавува дека седницата нема да се одвива во вообичаена атмосфера. Нема третпат мирно да прифатиме правило против кое веќе двапати јасно сме се спротивставиле.

Можете да прочитате

Град Скопје: Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

(Фото) Еколошка акција во Скопје: Се чисти кејот на реката Вардар

Утре голема акција за чистење на Скопје – на терен неколку илјади волонтери