Утрински Весник
Македонија

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Screenshot 2026 09 29 102617.jpg

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија”, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата.

Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот.


Можете да прочитате

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на структурите и финансиските текови зад трговијата со дрога