Утрински Весник
Македонија

Трајанов: Постои национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Pavlet2024.jpg

Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија (Платформа) за спречување на можни катастрофи од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот, појава на епидемии итн, сакам да нагласам дека се целосни паушални и неточни тврдења, пред сè поради немање институционална меморија

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година, која од Одделите на ООН е оценета со највисока оценка со најава финансиски да го поддржат Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и територијалните противпожарни единици.


Во Платформата е предвидено и темелна реформа на системот за управување со кризи, преку обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и функционално поврзување на ТППЕ, воспоставување единствена команда итн.

Оваа Платформа е резултат на претходна анализа подготвена од меѓуресорска работна група, како и анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам, Финалниот извештај на Партнери менанџмент и консалтинг, Документациската анализа на постоечката законска регулатива и документи поврзани со системите за управување со кризи итн.

Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување.

Инаку реформите каснат поради незаинтересираност и отпорот на раководните, поранешни работници во ЦУК и ДЗС.

Пред две години, Владата формира меѓуресорска работна група, која до крајот на оваа година треба да подготви закон во кој ќе се вградат реформските определби и воспостави целосно нов и обединет систем за управување со кризи, заштита и спасување.

Можете да прочитате

Повредени малолетнички при пад од електричен тротинет

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патничко и товарно возило

Јаневска: Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост