Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Ќафасан“ поради употреба на фалсификувани документи

Lisici.jpeg

На 18.09.2026 година, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложил фалсификувани документи, со кои се претставил како италијански државјанин.

Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници била извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложило фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта.


По консултација со јавен обвинител, против лицето е поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“.

Можете да прочитате

Пијан Мексиканец нападнал полицаец со тврд предмет во паркот во Ѓорче Петров

17-годишна девојка почина во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп