Утрински Весник
Економија

Во 2024 година 4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали

Rabota.jpg

Во 2024 година 32.801 или 4,7 % од претпријатијата во деловниот сектор биле странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство – објави Државниот завод за статистика.

Странските филијали ангажираат 24,2 % од вкупно вработените и создаваат 37,0 % од вкупната додадена бруто-вредност.


Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 35,3 %, Информации и комуникации со 16,7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 11,5 %.

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 92,8 %, земјите членки на ЕУ контролираат 44,6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 62,8 % од вработените и учествуваат со 61,9 % во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 17,4 %, Холандија со 11,0 %, Германија со 9,7 % и Обединетото Кралство со 9,0 %.

Можете да прочитате

Серафимовски: Грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство

ССК очекува дека ќе се најде најдобро решение за превозниците

Димитриеска-Кочоска: Приходите во буџетот се поголеми за 8 отсто од лани, раст има кај сите главни даночни категории