Утрински Весник
Македонија

„Живи и мртви“: Стаорци и глувци кај „Буњаковец“ – на чекор од основно училиште

Image 2.png

Граѓани алармираат за присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во скопската општина Центар.

За состојбата информираше Фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец“, каде што беа објавени фотографии доставени од граѓани, за кои се наведува дека се направени на 17 септември 2026 година.


Според објавата, на паркингот биле забележани глодари, а на дел од фотографиите може да се видат и угинати животни.

Дополнителна загриженост кај жителите предизвикува фактот што локацијата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Ј. Х. Песталоци“, каде што секојдневно поминуваат голем број деца, родители и вработени.

Граѓаните бараат надлежните служби да излезат на терен, да ја проверат состојбата и да преземат соодветни мерки за дератизација и одржување на хигиената на просторот.

Засега нема информација дали надлежните институции извршиле увид на локацијата и дали е планирана дополнителна дератизација.

Можете да прочитате

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

Дали Македонија е подготвена за сериозна борба против корупцијата?

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред