Утрински Весник
Македонија

СВР Штип расчисти шест кривични дела – уапсен 22-годишниот сторител

Kradec.jpg

Полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение дека во текот на август и септември годинава на различни локации во Штип извршил шест кривични дела.

Станува збор за едно кривично дело „разбојништво“, две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, едно кривично дело „тешка кражба“ од моторно возило и две кривични дела „кражба“ од моторно возило. При преземањето мерки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот