Утрински Весник
Македонија

Се бара Роса Митковска: 84-годишната жена исчезна денеска во Скопје

Img 3938.webp.webp

Семејството на 84-годишната Роса Митковска упатува итен апел до јавноста за помош во нејзиното пронаоѓање, откако денеска ѝ се изгубила трага во скопската населба Илинден.

Според информациите од нејзините најблиски, Роса последен пат била видена денеска, 11 септември 2026 година, околу 14 часот.


Дополнителна загриженост предизвикува фактот што 84-годишната жена страда од деменција, поради што семејството стравува за нејзината безбедност и апелира потрагата да се прошири што е можно побрзо.

Се замолуваат жителите на Илинден и околните населени места, како и сите граѓани кои денеска се движеле низ овој реон, внимателно да ја погледнат околината и да пријават каква било информација што би можела да помогне во нејзиното пронаоѓање.

Семејството апелира информацијата да се споделува што е можно повеќе за што побрзо да се дојде до трага за исчезнатата Роса.

Доколку ја забележите Роса Митковска или имате каква било информација за нејзиното движење, веднаш јавете се на 070/501-399.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание