Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот.


Уште во декември предупредивме дека случајот „Дурмо Турс”, заедно со низа други предмети, е директен показател за состојбата во судскиот систем. Сведочевме на сомнителни одложувања, медицински извештаи и непочитување на судските одлуки.

Довербата во судството, која падна на само два отсто, не исчезна преку ноќ. Само супервештачењето за случајот Ласкарци помина 315 дена во Бирото за судски вештачења. На чело на Бирото во тој период беше Валдет Џафери, функционер на ДУИ. Тоа покажува дека предметот не се одолговлекуваше сам од себе.

Судството мора да се реформира од корен. Новиот министер за правда ја започна оваа работа со јасна определба ваквите случаи повеќе да не бидат заложници на неефикасноста и злоупотребите во системот.

Бараме без одложување да биде објавено образложението на одлуката и предметот да се процесира со приоритет, без нови процедурални игри. Семејствата на жртвите не смеат повторно да се враќаат на почеток.

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени