Утрински Весник
Економија

Светот брза по бакарот, соседите инвестираат, а Македонија сè уште го чека стартот на Иловица

Rudnik ilovica.jpg

Додека цената на бакарот расте десетта недела по ред, а глобалната понуда станува сè поограничена, државите забрзано се обидуваат да обезбедат нови извори на овој критичен минерал.

Од Турција до Балканот се најавуваат нови активности во бакарот. Турција веќе започна со ископ на нов бакарен концентрат и најавува производство од околу 40 илјади тони годишно, додека во Грција, Бугарија и Романија се очекува нова експлоатација на бакарен концентрат.

Во оваа регионална трка Македонија има свој потенцијал, но тој сè уште останува неискористен.
Најзначајна е Иловица, каде што според проектните проекции се планира годишна експлоатација на околу 10 милиони тони руда, со производство од над 10 илјади тони бакар годишно.
Проектот би имал потенцијал за работа околу 23 години, а според проценките на инвеститорот, годишниот извоз би можел да надмине 200 милиони евра, со што Иловица би можела да се најде меѓу најголемите извозни компании во државата.

Но, придобивката не би се однесувала само на извозот. Новата инвестиција би значела и активирање на дополнителни економски активности, отворање работни места и вклучување на домашни компании во синџирот на снабдување.

Во моментов, Македонија има само еден активен производител на бакар – Бучим-Боров Дол, со околу 8 илјади тони годишно.

Од друга страна, последниот пример од Турција покажува дека постоечки рудни наоѓалишта веќе ги испитуваат потенцијалите конкретно за бакар. „АЦГ Металс“ го произведе својот прв бакарен концентрат од рудникот Гедиктепе, со што официјално е ставен крај на ископот на скапоцени метали и цинк. Компанијата соопшти дека целта е годишно производство од 40.000 тони бакар. Во рудникот некогаш се ископувале злато, сребро и цинк, а сега производството се преориентира на бакар, бидејќи вештачката интелигенција, електрификацијата и другите технологии ја зголемуваат побарувачката за црвениот метал.

„Производството на нашиот прв бакарен концентрат го означува преминот на АЦГ во производител на бакар што е одлучувачка пресвртница за компанијата.
Нашиот приоритет сега е дисциплинирано зголемување на производството, обезбедување конзистентен квалитет на концентратот и напредување кон производство во стабилна состојба“, соопштија од раководството на рудникот.

Минатата недела на Лондонската берза на метали беше регистриран последователен раст на цената на бакарот, веќе десетта недела по ред. Цената достигна 14.304 долари за тон.

Аналитичарот на финансиската куќа Citigroup Inc., Том Малквин, прогнозира цена од 15.000 долари за тон до крајот на годината, со потенцијал да достигне околу 17.000 долари. Според него, вториот случај ќе биде можен ако производството стагнира, а побарувачката за бакар поради енергетската транзиција, центрите за податоци или стратешкото складирање се покаже како посилна од очекуваното. 

Низа разочарувања ги поткопаа очекувањата дека глобалната понуда на рудниците ќе забележи барем скромен раст оваа година. Податоците на Меѓународната група за студии за бакар (ISCG) покажуваат дека производството се намалило за 1,1% во првата половина, при што главните производители забележале двоцифрен пад. Влошувањето на квалитетот на рудата, неуспесите во проектите и екстремните временски услови ја зголемуваат загриженоста за тоа дали понудата може да го одржи чекорот со побарувачката, бидејќи електрификацијата добива на интензитет во наредните години.

Можете да прочитате

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави Македонија лидер во регионот

СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 годин