Утрински Весник
Македонија

Уапсен маж во Дебар, возел без возачка и направил сообраќајка

Lisen od sloboda strumicanec upravuval vozilo so 175 promili alkoxol vo organizmot i ucestvuval vo soobrakjajna nesrekja vo koja zagina 19 godisna sopatnicka na motocikl image.jpg

На 24.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.Б.(31) од Дебар. Претходно, на пресекот на улиците „Јосиф Багери” и „Веби Дирба” во Дебар, тој со патничко моторно возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека Б.Б. го управувал без положен возачки испит.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

ДОМ: Пехчево покажа дека јавниот интерес мора да биде пред нетранспарентните договори

Помеѓу придобивки и ризиците од силната поддршка за претседателот Трамп

Владата ги намалува цените на училишниот прибор, 10% во трговија на големо и до 15% во трговија на мало