Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски” е во завршна фаза

3 1.jpeg

Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски”, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците.

Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во гардеробите, како и молерско-фарбарските работи во целата сала и гардеробите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека се користат последните денови пред почетокот на учебната година за да се завршат сите предвидени активности.

„Имаме уште една недела до почетокот на новата учебна година и работиме за сè да биде завршено навреме. Салата во „Коле Неделковски” е во завршна фаза и до 1 септември учениците ќе добијат целосно обновен и функционален простор за спорт. Во изминатиот период ги реконструиравме и спортските сали во ООУ „Димитар Миладинов”, ООУ „Кочо Рацин” и ООУ „11 Октомври”. Продолжуваме да вложуваме во нашите училишта и да создаваме подобри услови за секое дете”, изјави Герасимовски.

Со реконструкцијата на спортските сали, Општина Центар продолжува со подобрување на условите во основните училишта и создавање побезбедна и поквалитетна средина за учење, спорт и развој на учениците.

Можете да прочитате

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Ноќна дезинсекција низ Карпош – 24info.mk