Утрински Весник
Македонија

Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар

2 2.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Соговорниците разговараа за можностите за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

„Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот”, истакна министерот Муцунски по средбата.

По средбата, двајцата министри потпишаа и два значајни билатерални документи – Програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2026–2029 година и Меморандум за разбирање за билатерални економски консултации меѓу двете министерства за надворешни работи. Со нив дополнително се зајакнува институционалната рамка за соработка меѓу двете земји.

Министерот Муцунски изрази благодарност за солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажаа по трагедијата во Кочани.

Во разговорите беше изразена заемна определба за натамошно надградување на партнерството преку конкретни проекти, посилни економски врски и отворање нови можности за соработка во повеќе области.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп Македонија

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството