Утрински Весник
Македонија

Затвореник со лисици побегнал од суд

Img 2098.jpeg

Затвореник кој бил спроведен од штипскиот затвор на судење во Основниот суд во Струмица успеал да избега за време на пауза во судската постапка.

Според информациите, затвореникот во моментот на инцидентот бил под надзор на двајца припадници на затворската полиција. За време на паузата побарал дозвола да оди во тоалет, а при излегувањето го турнал едниот од полицајците и веднаш се дал во бегство.

И покрај тоа што на рацете имал лисици, затвореникот успеал да им побегне на полициските службеници и да се оддалечи од судот.

По бегството веднаш биле известени Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и повторно лишување од слобода.

Во штипскиот затвор, пак, е формирана комисија која треба детално да ги испита околностите под кои дошло до бегството и да утврди дали имало пропусти во постапувањето на затворската полиција.

Се очекува по завршувањето на внатрешната постапка да биде познато дали и каква одговорност ќе има за службените лица задолжени за спроводот и обезбедувањето на затвореникот.

Можете да прочитате

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата, приведен 52-годишен маж

Пожар во автобус на ЈСП, возачот сам го изгаснал