Утрински Весник
Македонија

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

776200538 2259625267911064 7321470637329434463 n.jpg

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

Tурнал скала на која работел вработен во ЕВН, а потоа со тврд предмет го нападнал и другиот вработен

Ограбена обложувалница во Аеродром – 24info.mk

Возило излетало од патот и удрило во работник на плац