Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Lefkov.jpg

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос.

Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати.

Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија.

СДС треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника?

Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв.

Можете да прочитате

Tурнал скала на која работел вработен во ЕВН, а потоа со тврд предмет го нападнал и другиот вработен

Ограбена обложувалница во Аеродром – 24info.mk

Возило излетало од патот и удрило во работник на плац