Утрински Весник
Македонија

Жерновски: Операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија

Andrej zhernovski 18.8.2026 e1787050805637.jpeg

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка

Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. 

Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. 

Значи токму во моментов додека ја држиме оваа прес- коференција во тек е операција за преземање на медиумскиот простор и медиумите воопшто во Македонија по моделот што Вучиќ веќе го воспоставува во Србија. 

Како што можевте да го знаете вчера кај нашиот северен сосед веќе е завршена продажбата на медиумите од Adria News Network на инвестициската група Alpac Capital. 

Во оваа медиумска група се Н1, Нова, Радар, Forbes Srbija и Данас.

Ајде да објасниме на граѓаните што всушност се случува. 

Кој стои и со кого е поврзан Alpac Capital? Соработник, советник и пријател на кој друг ако не на Виктор Орбан.

Истата Alpac Capital во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews.

Подоцна беше обелоденото дека за 45 милиони евра за таа трансакција дошле од унгарски државен фонд, а уште 12,5 милиони евра биле обезбедени преку компанија поврзана со комуникациските операции на унгарската влада. 

Значи ние денеска и воопшто не зборуваме за изолирани и неповрзани бизнис зделки. Зборуваме за еден концепт, зборуваме за еден проект преку којшто треба да се воспостави тотално контрола на медиумскиот простор во нашата земја. 

Тој концепт е според нас, според она што го гледаме всушност доградување на режим ко јшто се воспоставува во нашата држава. Истиот модел веќе сега како како што се спроведува во Србија, се спроведува и кај нас. Неслучајно тоа неколку пати го зборувавме унгарската 4iG ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Ете полека како се воспоставува целиот концепт и целиот проект и целиот модел за којшто зборувавме наназад. 

Затоа и предупредувавме дека ова прашање  не смее да се гледа како некоја обична тема туку да се гледа многу посериозно. А на големо се реализира и влезот и ширење на медиумите од страна на српскиот свет, блиски до власта на Вучиќ. 

Затоа неслучајно во два наврати, две години по ред извештаите од Брисел, кога ќе кажам Брисел мислам на сите институции и Европскиот Парламент и Европската Комисија зборуваат за постоење, функционирање и влијание на српскиот свет во Македонија. 

Информациите со кои располагаме укажуваат дека еден од плановите е преку Ало групацијата да се влезе и во телевизискиот простор во Македонија.

Како една од порвите опции се разгледува преземање на сопствеништвото на Наша ТВ.

Во операцијата клучна улога ќе има познатата Ивана Талеска со проектот Euronews кој започна во септември. Ако веќе доаѓаме до тоа име, секако доаѓаме и до Латас кој што е директивен извршител на политиката на Мицкоски. 

Значи почитувани граѓани, кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да ги фати медиумите за гуша и да воспостави контрола врз нивното работење и воопшто врз јавниот простор во нашата држава. 

Денешната прес-конференција ја држиме токму на оваа тема, затоа што власта воспоставува политичко влијание врз институциите и се разбира како што кажав следна цел јавниот простор. 

Некој ќе праша зошто. Зошто власта го прави ова? Многу едноставно власта го прави ова за да нема кој да прашува, да нема кој да постави прашање за криминалите, за тендерите, за немањето реформи, затоа што немаме европска перспектива или со еден збор ако сакате почитувани граѓани се воспоставува контрола за да нема кој да ја каже вистината во оваа земја и тоа е она што се случува. 

Целта е јасна граѓаните да добиваат само една вистина. Вистина којашто ќе се сервира како единствена. Сетете се на омилените фрази на премиерот кој што од почеток на мандатот зборуваше за цитирам тоа е првпат некој да спомене во светот такво нешто за вистинската вистина. 

За жал не чека медиумски мрак. За жал не чека еден демократски живот во наводници демократски без слободни медиуми, без критика и без вистина. Тука сме ние, тука е СДСМ. Дали е сега јасно зошто радарот Муцунски имаше интервју токму за Euronews ? Јасен е веќе концептот. Да завршам со тоа дека ова не е само прашање кој ќе биде сопственик на некоја телевизија или портал, ова е контрола на јавниот простор во нашата држава. 

Можете да прочитате

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

Затвореник со лисици побегнал од суд

Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност и доверба