Утрински Весник
Свет

Брод погоден со проектил на излез од Ормуската Теснина, повредени членови на екипажот

Tankeri.webp.webp

Брод што излегувал од Ормуската Теснина кон Оманскиот Залив бил погоден со неидентификуван проектил, при што било оштетено машинското одделение на пловилото и биле повредени членови на екипажот, соопшти Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).

На повредените морнари им помогнала оманската крајбрежна стража. Засега нема пријавено последици врз животната средина.

Не е познато кој го истрелал проектилот, ниту под чие знаме пловел бродот.

Инцидентот се случува во услови на значително намалена пловидба низ Ормуската Теснина. Според агенциите, во моментов дневно минуваат помалку од десети бродови, наспроти повеќе од 130 дневно пред почетокот на војната со американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари годинава.

Можете да прочитате

Москва ѝ се закани на Велика Британија 

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран