Утрински Весник
Македонија

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени

Whatsapp image 2024 11 14 at 11.37.05.jpeg

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолетник, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 16 август 2026 година, околу 01:15 часот, на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Најпрво настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43), двајцата од Скопје. Во пресметката се вмешал и С.И.(23), кој се обидел да му помогне на Н.Е.

Набргу потоа, според полицијата, на местото се собрале повеќе лица, по што ситуацијата ескалирала. Н.Е. и С.И. биле нападнати со тврди и стаклени предмети, при што им биле нанесени тешки телесни повреди.

По преземените полициски мерки, осомничените биле обезбедени и било извршено препознавање. Во координација со јавен обвинител, против нив била поднесена кривична пријава.

Осомничените биле изведени пред судија на претходна постапка. На Е.М. и Е.Р. им е определена мерка притвор во траење од по 30 дена, додека на Ѓ.А. и А.Р. им е определен куќен притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Од трагедијата во „Пулс“ до признание во Стокхолм: Награда за херојството на Јован

Македонија повторно на Евровизија по пет години пауза

(Видео) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски