Утрински Весник
Македонија

Утрово четири активни пожари низ Македонија

Pozar.jpg

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, .

Активни пожари има кај село Морани – село Вртекица – село Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Активен пожар има и во општините Велес и Зелениково, во атарот на селото  С’лп, кој се шири кон селата Карабуњиште Добрино и Тисовица, како и во општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, кој со проширува кон Бојане.

Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово

Можете да прочитате

Емтоивна светска премиера на „Добри луѓе“ На Манчевски на Сараево филм фестивал

ВЛЕН: ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро

Уапсен битолчанец кој предизвикал пожар