Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за посетата на Белгија: Тоа беше научнообразовна екскурзија

Mickoskiposta.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри повеќе детали за своето еднонеделно отсуство од земјава, кое, како што рече, било дел од воспитувањето што има со неговиот син – еднаш годишно да посетуваат еден европски град. Притоа, Мицкоски посочи дека 4 дена бил во Бриж, а 3 дена во Брисел каде имал средба со инвеститори кои на есен, според него, ќе донесат 3 инвестиции во Македонија.

-Таму посетуваме значајни места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. Еднаш бевме во Прага, еднаш во Будимпешта. Посетата во Будимпешта ја искористивме да го гледаме натпреварот меѓу Португалија и Унгарија бидејќи на помалиот син Роналдо му е омилен фудбалер. Потоа, еднаш бевме во Виена.

Оваа година немавме можност затоа што јас сум виновен, оваа пролет некако јас немав можност да појдам. Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија – изјави тој.

Можете да прочитате

Ешерихија коли и други бактерии има во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч