Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците.

Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење.

Толку е долга листата на корумпираните функционери на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно зборуваше за „ендемска корупција” и токму на овие што денес се удираат в гради со „албанството” им стави печат на корупција.

Колку и да е болна, ова е наследството на нивното владеење. Сопот, Енциклопедијата, „Скопје 2014″, „Монструм”, „Дива Населба”, масовното прислушување, малиот Алмир, „Дурмо Турс”, „Беса Транс”, „Отворен Балкан”, модуларната болница, казината и игрите на среќа, бегствата од правдата, помошта за бегството на Никола Груевски, спасувањето на Сашо Мијалков преку Артан Груби и Енвер Беџети, како и многу други кражби и манипулации.

Ова е нивната вистина, која не можат да ја сокријат ниту со документарци, ниту со видео-пораки, ниту со скапо платени панели.

Охридскиот договор им припаѓа на Албанците. Тој не е тапија на Али Ахмети, ниту семејно наследство на фотељашите од ДУИ.

Можете да прочитате

Во првиот упис на УКИМ слободни 8850 места

Пронајдена дрога во Кичевско, уапсени две лица

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска