Утрински Весник
Економија

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Kamioni.webp.webp

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. 

Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

– Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба. 

Можете да прочитате

Бакарот станува стратешки метал за енергетската и дигиталната иднина, новите рудници се неопходни

Дизелот поевтинува за 3, а бензините за 1,5 денар за литар

Обесштетување за сточарите и 450.000 вакцини против сипаници кај овците, најави министерот Серафимовски