
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ги направил достапни за трети лица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


