Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Pozar 2.webp.webp

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина Босилово гори стрниште, во депонија на излезот од Крива Паланка и во село Симница, Општина Гостивар каде горат ниска вегетација, стрништа и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Зелениково над селото Зелениково каде гореше шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во село Грчец Општина Сарај, кај Новите градски гробишта во Прилеп и во село Црвивци во Општина Кичево.

Можете да прочитате

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

28годишен скопјанец го запалил автомобилот на мајка му

Две лица и две фирми кривично се гонат за работникот кој загина во зграда во изградба во Охрид