Утрински Весник
Македонија

Германец бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда

Dron.jpg

На 05.08.2026 во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства” согласно член 350 од Кривичниот законик.

Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ