Утрински Весник
Македонија

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката С.М. од Струмица

Ministerstvo Za Zdravstvo1.jpg

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана.

Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа земени и изјави од здравствените работници вклучени во третманот.

Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување.

Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки.

По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците.

Можете да прочитате

МВР со детали за сообраќајната незгода на патот Прилеп – Битола

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба „Бадентер“, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите

Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта