Утрински Весник
Македонија

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс

Nikoloski1.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога