Утрински Весник
Македонија

Уапсен полицаец од Ресен, нападнал жена со која бил во љубовна врска

Whatsapp image 2026 04 28 at 13.48.29.jpeg

Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена сооодветна пријава. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Можете да прочитате

Подметнат пожар кај Кавадарци на пет локации – има осомничено лице

Бугарски пратеници со забранет влез се појавиле на судење во Македонија

Зошто денес има повеќе пожари отколку пред 15 години?