Утрински Весник
Македонија

Приведен косовски државјанин, возел со 220 км/ч на автопат

761042184 1081817910842967 7190496693340075324 n.jpeg

Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36).

При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик

Можете да прочитате

Приведен стружанец за инцидент на прославата за Илинден во Ташмаруништа

Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира

Над 17 000 лица ја напуштиле државата на ГП „Богородица” во последните 24 часа